on-line речник
Мини плеер

* Твитер акаунтот на Фифти Сент, преведен на британски англиски

* 5 тепачки на акциони херои што би било добро да ги видиме

* Писмо од Дарвин за Хокинг

* Како да започнеш бизнис со 10 долари и Гугл акаунт

* Како да сместиш Линукс кластер со 24 јадра во ИКЕА фиоки од 30 долари

 #
______________
Демократија е илузија дека јас и жена ми, заедно, имаме два пати поголемо политичко влијание од Дејвид Рокфелер.
Батлер Шафер
 #
Македонија - Холивуд (трето полувреме)

Он.нет
видеоспорт
Мислиш дека си брз?

Ако сте воодушевени сами од себе колку брзо возите велосипед, најдобро ќе биде воопшто да не го гледате клипов.
Билдерски приговор

Покрај толку мажи, толку мускули, толку железо кревање и сето тоа помешано со премногу стероиди, чисто чудо е како ова не се случува почесто.
Шекил против Тајсон Геј

Прва трка - Шекил, тоа огромната мрцина, се трка со Тајсон Геј, најбрзиот човек во САД, 100 метри за 9,69 секунди. Втора трка - тимот на Шекил, против тимот на Геј, трчаат штафета. Меѓу другите во тимовите се и Двајт Хауард и Морис Грин.
На мета на Федерер

Федерер знае да сервира топка и со брзина од над 200 км/ч. Со оваа брзина и пуканка да те удри може трајно да те оштети, а не па тениско топче. Па сега видете колку е глупо да му дозволиш на Федерер да гаѓа во шише поставено на вашата глава.
Fight Football

Еве како би изгледал фудбалот кога сите оние прекрасни луѓе што мавтаат знамиња и палат бакљи на трибините, би се симнале доле на теренот. Инаку, ова е снимка од официјален натрпревар во Fight Football лигата.
Безбол нинџа

Безбол, па уште и јапонска лига. Интересно отприлика како и 3-то коло квалификации за Лига на Европа... кога од никаде Спајдрмен :)
Со залет

До сега сме виделе серија скејтери како паѓаат од сите можни позиции, ама до сега не сме виделе никого толку многу и од толку високо да падне.
Копачките што живот значат

Еве од каде потекнува старата кинеска изрека: "Слави гол како Исланѓанин" :) Кога би вежбале фудбал колку што ја вежбале кореографијава, сигурно помалку резил би кркале по квалификации.
Супермен во цивилка?

Следниот пат пред да речете "не одам на вежбање бидејќи немам пари," ѕирнете низ прозор, видете каде е најблиското игралиште за деца или шипка за тресење теписи и фатете се за работа. Калистенични вежби, Латвија.
(Сериозно) Најдобриот пенал на сите времиња

Пред да почнеш да го вежбаш, пред воопшто да го изведеш на официјален натпревар, треба прво да ти падне на памет дека можеш да се движиш надвор од сите правила на физиката. Од прва нема да го сфатите, почекајте ја репризата.
Одлуката

Стив Карел и Пол Руд со нивниот осврт на целата драма што ја направи Ле Брон Џејмс при префрлувањето од Кливленд во Мајами.
Тенка и црвена

Која е разликата меѓу екстремните и вистински екстремните спортови? Како ви изгледа ова?
Од кога им го собирал

За подобро да разберете зошто Швајнштајгер беше најразочаран од поразот на Германија во полуфиналето против Шпанија, треба да се вратите 2 години наназад, поточно по завршувањето на финалето на Еуро 2008-ма.
Без раце

Голема награда за Шпанија. Последен круг, пред самиот финиш Кени Нојес е на едно влакно пред Кармело Моралес. Моралес се обидува да го престигне, но по пат ја закачува задната гума на Нојес. По ова следуваат сите можни салта што некогаш сте ги виделе.
Кога врне, истура

Веројатно на играчиве воопшто не им е јасно што се жалат фудбалерите на Светско за тоа што неколку фанови галамеле со вувузели.
Федор 32 - 1

Надвор од сите очекувања деновиве снема една од константите на нашиот живот - Федор Емалианенко, најјакиот човек на планетава, беше поразен. Човекот што му го зема скалпот на Федор е Бразилецот Фабрицио Вердум. Освен борбата, на повеќе и анализа на поразот на Федор.
Ништо да не се фрлело

Тренерите знаат да имаат поприлично апстрактни ритуали за среќа пред и за време на натпреварите. Веројатно ова нема да биде редовна мантра на Јоаким Лев до крајот на Мундијалот.
Следно?

Кај екстремните спортови лошото е што секогаш има некој на кој ќе му текне по екстремен спорт од твојот. Па на пример, мислиш дека си го достигнал врвот скокајќи со скии од стотици метри висок гребен, кога на некој му текнало да го направи истото, само плус во воздух да направи неколку салта и по пат да ги откачи и скиите.
Битката за Сантијаго

Ако во нешто сите се согласуваат за денешниот фудбал, тоа е дека се игра многу поостро и полуто од порано. Ок, Чиле - Италија, Мундијал 1962-ра. Кон крајот станува поинтересно. Феноменален вовед.
Па дал је могуќе

Втор натпревар од плејофот во српската кошаркарска лига, уште минута и четиринаесет секунди до крај. Тоа се минута и четиринаесет секунди премногу во натпреваров. По целиот ќотек, двата тима останаа со одвај по 3-ца играчи за го довршат натпреварот.
Теретана пред Бразил

Ај вака, ние ќе ќутиме а вие кликнете на повеќе за да видите каде вежба националната репрезентација на Северна Кореја, додека е во Јужна Африка, и после кажете која Кореја е најдобра Кореја :)
Наследникот на Пипо?

Во фудбалот има мажи, има Италијани и го има Даниеле Де Роси. Оскар за животно дело.
Во клупа со Коби

Мега успешна кариера како комичар, нето богатство - 70 милиони долари.
Цена на тим што може да стигне до финалето на НБА - 584 милиони долари.
Можност да седиш во прв ред во Стејплс центарот и да му пукаш сеир на Коби Брајант на 5 минути пред крај на првиот натпревар на НБА финалето - бесценето.
Дадов гол во финале на Светско

Како загревање за Светско, ESPN на едно место собра по еден играч што дал гол на финале на Светско првенство во фудбал. Од голот на Алсидес Гиџа на Светското 1950-та, до голот на Матераци во 2006-та. Одлично смислено, уште подобро изведено. Бескрајно многу сеќавања.
Мурињо до солзи

Ова е истиот човек што само ладно се насмеа на освојувањето на двата пехари во Лигата на Шампиони (со Порто и со Интер). Збогувањето на Мурињо и Матераци.
Пандев како Марадона

Одамна никој во држава немал вака попалени навивачи како Горан Пандев (меѓу нив исто така познат и како - Пандееееееееееев).
Атлетико против 200 деца

Децата во формација 66-80-51 (плус 3 голмани), Атлетико Билбао во регуларна формација. Конечен резултат 5-3 за Атлетико. Тоа не е ни најважно, почекајте да видите како изгледа кога 200 деца слават гол.
На прсти

Ова го можат само двајца луѓе на светот, овој ние што го имаме има 19 години и не дај боже да те удри со показалец.
Концентрат од фудбал

На едно место собрани најдобрите натпревари во изминатите една / две години и после извадено најдоброто од нив. Потези, како бајадери.
Куцање од скали

Ова е исто како Џордан кога закуца од линијата за слободни, само наместо легната, линијата да беше поставена вертикално и неколку пати повисока.
Еден на еден со Роналдо

Зошто сите викаат дека фудбалот веќе станува само трчање? Затоа што 10-годишно дете од Узбекистан, може да направи подобри финти од Кристијано Роналдо.
Марш од тука!

Ете за тоа служат навивачките знамиња и транспаренти, барем да знаеш кон која трибина да трчаш кога ќе дадеш гол. Еве како изглеа кога ќе се израдуваш на погрешна.
Римејк од Шек

Кошаркар, актер, лиценциран полицаец и имитатор на Рик Џејмс. На кратко - Шекил О'Нил. Или на што го троши времето најдобриот НБА центар откако ќе осигура плејоф.
Крстозбор | www.on.net.mk
EUR 1
USD 1
GBP 1
www.on.net.mk
Премиерот Груевски ги посети Македонците во Албанија
Алсат - пред 9 ч.
19 годишнината од независноста на Македонија, премиерот Никола Груевски прослави со Македонците во Мала Преспа Албанија, каде се одржа голем народен собир. Премиерот Груевски се сретна со... сите 16 вести
Македонија одбележува 19 години независност
SE Times - пред 7 ч.
СКОПЈЕ, Македонија -- Земјата одбележува 19 години од својата независност во понеделник (8-ми септември). За време на референдумот на 8-ми септември 1991 година, 95 отсто од Македонците ја поддржаа... сите 18 вести
Поддршка од Меѓународната и европската федерација на новинари
А1 - пред 9 ч.
Силна и јасна поддршка за барањата на македонските новинари стаса и од Меѓународната федерација и Европската федерација на новинари.
„Македонија е во срцето на Европа но, во оваа земја многу слабо... сите 10 вести
По банална кавга - убиство во Студеничани
Алсат - пред 9 ч.
Младиот Раметула Алија од скопското село Студеничани е убиен синоќа по полноќ од негов соселанец по банална расправија. 23 годишниот Алија по здобиените повреди веднаш бил пренесен во градската... сите 12 вести
Уапсен изнудувач на рекет од скопски бизнисмен
Канал 5 - пред 12 ч.
На познат скопски бизнисмен му барал 10 илјади евра и нов автомобил за да го заштитува- поради овој обид за рекет уапсен е 41-годишниот Руждија Кујевиќ на кого му е одреден 30-дневен притвор. ... сите 6 вести
Косово не го екстрадира Лирим Јакупи - Нацист
еРепортер - пред 1 д.
Приштина нема да го предаде Лирим Јакупи - Нацист на Македонија, бидејќи тој ќе мора најпрво да одлежи 37 години затвор во Косово, соопшти секторот за меѓународна соработка на косовското министерство... сите 20 вести
  © Copyright On.net 2000 - 2009