on-line речник
Мини плеер
Он.нет
Мајкл Ли Џексон компонираше за Кристина Арнаудова
Наскоро на радио станиците во Македонија ќе биде пуштен првиот сингл од новиот албум на Кристина Арнаудова, кој во моментов се работи во студио и кој се планира да излезе во април 2011. Автор на песната е американскиот композитор и продуцент Michael Lee Jackson, кој е најпознат по тоа што му е најверен соработник на легендарниот Ian Gillan од Deep Purple, и работи на неговите последни три албуми, како автор на композиции и гитарист.

Песната е комплетно отсвирена во живо со повеќе од 20 музичари во едно од најголемите студиjа во Лос Анџелес а само вокалот на Кристина се снимаше во Македонија во студиото "До Ре Ми" каде што ќе продолжи снимањето на вокалите за албумот.

Песната има 2 верзии, македонска и англиска, и се вика "Love you for life" односно "Те сакам до крај". Македонскиот текст е на Кристина, а и двете верзии ќе бидат пуштени на радио станиците. Финалниот микс на оваа песна е на Кокан Димушевски кој ќе ја работи и финалната тонска продукција на албумот. Мастерингот ќе го работи еден од најпознатите тонски инженери во светот Nick Blagona - The Tone Guru, во Канада, кој работел на албумите на Police, Deep Purplle, Chicago итн.

Кристина вели дека со овој сингл и се остварил уште еден сон, а тоа е придружните вокали на композициите од новиот албум да ги изведуваат вокали со афро–американско потекло, со оглед на тоа што е познато дека тие се најдобрите придружни вокали кој секој пеач ги посакува.
Имено, на англиската верзија придружните вокали ги пее афро–aмерикански госпел хор.

Продуцент на вокалот како и на останатите на албумот ќе биде Тања Царовска, Македонката која стана еден од најпрепознатливите вокали на филмска музика во светот. Целата екипа која го работи албумот летово ќе биде во студио, и се надеваат дека до крајот на август албумот ќе биде при крај.

Спотот за оваа песна треба да се очекува на 1-ви септември, а како и до сега, ќе биде промовиран на Ем Ти Ви музичката мрежа.
Последна промена: 23.06.2010
 #

Крстозбор | www.on.net.mk
EUR 1
USD 1
GBP 1
www.on.net.mk
Вељаноски очекува нормализирање на политичкиот дијалог
Сител - пред 8 ч.
Враќањето на СДСМ на координациите, прифаќањето на било каков деловник како и тоа дека се откажуваат од формирање на комисија за контрола на државните пари за спикерот Вељановски е добар потег.
Тоа... сите 56 вести
ВМРО-ДПМНЕ: Од каде им се парите на Бранко, Хари, Штерјо...
Кирилица - пред 8 ч.
-Ниту еден од личностите кои беа споменати од СДСМ, во времето на транзицијата не извршуваа никаква јавна или државна функција. Сите тие влегоа во политиката од работни места на исклучително големи... сите 13 вести
Зошто Груевски го одложи отчетот пред јавноста
Канал 5 - пред 6 ч.
Технички или коалициони проблеми ја одложија денешната прес конференција на премиерот Груевски.Требаше да се одржи денеска но се презакажа за утре.Тогаш ќе го соопштел Отчетот за досега сработеното.... сите 12 вести
Три лица убиени во Аеродром
Кирилица - пред 3 ч.
Три жртви на вооружен напад во рибарницата „Биг Фиш“, која се наоѓа кај сендвичарата „7“, во трговскиот центар „Три Бисери“, во скопската населба Аеродром.
Според првичните информации, напаѓачот е... сите 16 вести
Полицајците ги плашеле со вилушка!
ИнПрес - пред 9 ч.
Во врска со настанот од пред два дена, кога во Битола, во стан лоциран на ул.Јосиф Христовски, беше спроведена обемна полициска интервенција СВР Битола поднесе кривична пријава против С.А. (43), Б.А.... сите 40 вести
Девојче е тешко повредено по пад од 15 метри
Алфа ТВ - пред 9 ч.
13-годишното девојче од Велес кое падна од 15 метри, според последните информации од лекарите, се бори за живот на ургентниот центар во Скопје. Примена е од велешката болница со тешки повреди на... сите 13 вести
  © Copyright On.net 2000 - 2009