on-line речник
Мини плеер
Он.нет
фудбал
Euro 2008  
фудбал
Дрогба без ризик

Напаѓачот на Челзи, Дидие Дрогба не сака да брза со враќањето на теренот се додека целосно не ја санира повредата на коленото.
фудбал
Кака идното лето во Сити!?

Англиските весници шпекулираат дека новиот арапски сопственик на Манчестер Сити, Сулејман Ал Фахим планира следното лето да испрати понуда за sвездата на Милан, Кака.
фудбал
Нов договор за Тоти

Капитенот на Рома, Франческо Тоти е подготвен да ја продолжи верноста со римскиот клуб во кој ја мина целата фудбалска кариера, а договорот ќе биде со важност до 2014 година.
фудбал
Карбишли си замина од Вест Хем

По само три одиграни кола во Премиерлигата, Алан Карбишли реши да си замине од менаџерската позиција во Вест Хем.
фудбал
Кан дефинитивно се прости

Легендарниот голман на Баерн и германската репрезентација, Оливер Кан, на Алијанц Арената го одигра последниот натпревар во кариерата.
фудбал
Киген останува во Њукасл

Раководството на Њукасл ги демантираше најавите дека менаџерот, Кевин Киген поради слабиот старт на сезоната поднел оставка.
фудбал
Силвио миротворецот

Грузискиот репрезентативец, Кака Каладзе во интервју за агенцијата АНСА јавно му се заблагодари на Силвио Берлускони за запирање на војната во неговата земја.
фудбал
Бербатов на Олд Трафорд

Според Скај Спортс, бугарскиот репрезентативец во последните часови од преодниот рок ќе потпише договор со Манчестер Јунајтед.
фудбал
Полноќна трка за Робињо

Во последните часови од преодниот рок до мадридски Реал пристигнала нова понуда за Робињо овој пат од новите сопственици на Манчестер Сити.
фудбал
Тијаго ќе игра во Лигата

Очигледно дека потегот со затворање на претседателот на Јувентус се исплатеше. Тијаго се најде на листата на фудбалери кои ќе настапуваат во Лигата на шампионите.
фудбал
Кварезма конечно во Интер

Долго посакуваното засилување Рикардо Кварезма конечно во последните моменти од преодниот рок потпиша договор со Интер.
фудбал
Клуж со нов тренер

Поради лошиот старт во новата сезона, а пред настапот во Лигата на шампионите, романскиот првак, Клуж реши да го смени тренерот, Јон Андоне.
фудбал
Тијаго го затворил претседателот во тоалет

Претседателот на Јувентус, Џовани Коболи Џиљи, потврди дека минал еден час заглавен во тоалет, а вратата ја заклучил португалскиот интернационалец, Тијаго.
фудбал
Венегор го одби Галатасарај

Шкотските медиуми пренесуваат дека холандскиот напаѓач, Јан Венегор оф Хеселинк одбил примамлива понуда од екипата на Галатасарај за да се пресели во Турција.
фудбал
Тотенхем му фрли око на Велосо

Англискиот премиерлигаш Тотенхем подготвува можна понуда вредна 15 милиони фунти за ангажирање на играчот од тимот на Спортинг од Лисабон, Мигуел Велосо.
фудбал
Роналдо се враќа во септември

Според навите на лекарскиот тим на Манчестер Јунајтед, рехабилитацијата на португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо оди според предвиденото и тој ќе се врати на теренот во текот на следниот месец.
фудбал
Реал се обидел да го купи Ауеро?

Според неофицијални информации, мадридски Реал во текот на минатата недела имал неуспешен обид да го ангажира најдобриот фудбалер на градскиот ривал, Атлетико, Серхио Агуеро.
фудбал
Робињо се уште сака во Челзи

Бразилскиот репрезентативец, Робињо се уште се надева на тоа дека желбата да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во екипата на лондонски Челзи ќе му се реализира.
фудбал
Болтон го позајмува Смоларек

Менаџерот на Болтон, Гери Мегсон го засили својот тим со доведувањето на полскиот интернационалец, Еби Смоларек.
фудбал
Пављученко потпиша за Тотенхем

Екипата на Тотенхем потврди дека постигнала договор со Спартак од Москва за трансфер на рускиот напаѓач, Роман Пављученко, вреден 15 милиони фунти.
фудбал
Порто и натаму виси

Иако оваа сезона УЕФА му дозволи на Порто да се натпреварува во Лигата на шампионите, сепак на португалскиот тим може во иднина да му се случи да добие забрана за настап во Европа.
фудбал
Јувентус против Реал

Според жрепката за првата фаза од Лигата на шампионите, највозбудливо ќе биде во групата Ф, каде има три кандидати за двете први места, но интересен ќе биде и двобојот за првата позиција меѓу Јувентус и Реал Мадрид.
фудбал
УЕФА го менува трансфер системот

На маргините на жрепката за групите од Лигата на шампионите, претседателот на УЕФА, Мишел Платини, најави измени во системот на трансфер на фудбалерите.
фудбал
Одо на заем во Баерн

Одбранбениот фудбалер на Милан, Масимо Одо дефинитивно си замина од Сан Сиро и во следниве дванаесет месеци ќе го носи дресот на минхенски Баерн.
фудбал
Јансен го напушти Баерн

Раководството на Хамбургер ги прифати условите според кои репрезентативецот, Марсел Јансен ќе се замине од Баерн и ќе потпише петгодишен договор.
фудбал
Познати носителите во Лигата

Пред денешната жрепка во Монако познат е распоредот на носителите за групите во првата фаза од Лигата на шампионите.
фудбал
Шевченко милениче во Милан

Шефот на струката во Интер, Жозе Мурињо, кој во еден период му беше тренер на Андреј Шевченко, конечно го кажа својот став за трансферот на Украинецот во ривалскиот тим.
фудбал
Видиќ во кожата на Христов

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ. ги демантираше написите во англиските медиуми дека неодамна го критикувал начинот на живеење во Англија.
фудбал
Казорла го откачи Реал

Иако деновиве се навестуваше дека шпанскиот репрезентативец Санти Казорла наскоро ќе потпише договор со Реал Мадрид, тој сепак на крајот реши да остане во Виљареал.
фудбал
Грците лоши домаќини

Кипарскиот шампион Анортозис упати жалба до УЕФА во која се истакнува лошиот прием од страна на Олимпијакос пред одигрувањето на реванш натпреварот од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.
фудбал
Аилтон во Алтах

Поранешниот најдобар стрелец во Бундес лигата, Бразилецот, Аилтон, ја продолжува кариерата во Европа и во следната сезона ќе настапува во Австрија.
фудбал
Нант го смени тренерот

По само три одиграни кола, раководството на Нант, реши да му врачи отказ на тренерот Мишел Дер Закаријан, кој на стартот освои само еден бод.
фудбал
Челзи се приклучува во трката по Виља

Освен Робињо, Челзи има уште едно големо име на листата на посакувани фудбалери, а се работи за Виља од Валенсија за кого се надеваат дека ќе ја добијат битката со Реал Мадрид.
фудбал
Сеитаридис желба на Бенфика и Галатасарај

Тимот на Атлетико Мадрид најпосле добива шанса да се ослободи од непотребниот десен бек, Георгиос Сеитаридис, а во игра за неговиот потпис се вклучени екипите на Бенфика и Галатасарај.
фудбал
Реал со нова понуда за Давид Виља

Мадридски Реал се обидува во финишот од летниот преоден рок во своите редови да го доведе најдобриот стрелец на Евро 2008, Давид Виља.
фудбал
Форлан чини 30 милиони евра

Тимот на Атлетико Мадрид одреди цена од 30 милиони евра за нивниот напаѓач, Диего Форлан со цел да го олади покажаниот интерес на Тотенхем за негово евентуално ангажирање на Вајт Харт Лејн.
фудбал
Кака во Челзи од 2009

Бразилската sвезда Рикардо Кака е повторно поврзуван со мега трансфер во екипата на Челзи,а преминот на фудбалерот на Милан би се реализирал наредното лето за сума од 90 милиони евра.
фудбал
Сообраќајка на Бекам

Дејвид и Викторија Бекам успеаа да извлечат жива глава од ужасна сообраќајка додека патуваа на одмор во својата вила во Франција пред англиската sвезда да замине за Пекинг каде ќе учествува во дел од завршната церемонија.
фудбал
Ето во Лион, а Бензема во Барселона?

Зборувајќи на една телевизиска фудбалска програма во Франција, претседателот на Лион, Жан Мишел Ола отвори простор за преговори со каталонскиот клуб и евентуалниот трансфер на Ето.
фудбал
Робињо нема да биде заложник

Претседателот на Реал Мадрид, Рамон Калдерон изјави дека е подготвен да разговара со Робињо околу евентуалното заминување бидејќи не сака тој да се чувствува како заложник на клубот.
фудбал
Шева се врати дома

Очигледно дека маките на Андреј Шевченко во Англија, конечно завршија и дека викендов тој ќе повторно ќе се врати во Милан.
фудбал
Реал дава 25 милиони за Хунтелар

Според холандските весници, екипата на Реал Мадрид издвоила 25 милиони евра за трансфер на играчот на Ајакс, Клас Јан Хунтелар.
фудбал
Сколс не се враќа во репрезентацијата

Ветеранот на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс потврди дека нема да се врати и да настапува за репрезентацијата на Англија, откако веќе четири години не го облекол дресот на Гордиот Албион.
фудбал
Јувентус со понуда за Балак

Екипата на Јувентус се надева дека ќе го доведе фудбалерот Челзи, Михаел Балак, кој идното лето ќе биде слободен играч. Старата дама е подготвена да му даде 4,5 милиони евра по сезона.
фудбал
Болоња потпишува со Ди Вајо

Болоња го комплетираше трансферот на некогашниот италијански репрезентативец, Марко Ди Вајо од Џенова кој деновиве официјално ќе биде претставен на медиумите.
фудбал
Анри во Манчестер Сити?

Медумите во Англија најавуваат сензационален трансфер. Манчестер Сити наводно е подготвен да испрати понуда за услугите на Тјери Анри.
фудбал
Тешка повреда за Коне

Според последните информации фудбалерот на Севиља, Аруна Коне, поради повреда на коленото ќе мора да ја пропушти целата сезона.
фудбал
Фреј ги напушта триколорите

Голманот на Фиорентина, Себастијан Фреј го објави своето повлекување од дресот на репрезентацијата на Франција, а причината за тоа е селекторот Рајмон Доменек.
фудбал
Компани потпиша за Сити

Според официјалната веб страница на Бундес лигата, екипата на Манчестер Сити постигнала договор со Хамбургер за продажбата на Винсент Компани.
фудбал
Челзи блиску до Робињо?

Реал Мадрид е подготвен да ја прифат понудата за Робињо од Челзи. Ваквите шпекулации се актуелни откако Питер Кенион бил забележан во Мадрид, а целта на неговото патување била да ги финализира преговорите за Бразилецот.
фудбал
Бензема подготвен за Англија

Најголемата ѕвезда на Лион, Карим Бензема изгледа го сменил мислењето, сега објавувајќи дека не ја исклучува можноста да настапува и во англиската Премиер лига.
фудбал
Антиќ нов селектор на Србија

Само неколку дена по смената на Мирослав Ѓукиќ, Фудбалскиот сојуз на Србија во именуваше Радомир Антиќ за нов селектор на репрезентацијата.
фудбал
Шева од утре позајмен во Милан?

Според Газета дело Спорт, украинскиот голгетер Андреј Шевченко ќе го комплетира своето враќање во неговиот поранешен клуб Милан како позајмен играч за оваа сезона.
фудбал
Милан во потрага по нов дефанзивец

Менаџерот на Радослав Ковач, Павел Зика откри дека Милан е блиску до обезбедување на услугите на одбранбениот фудбалер на Спартак од Москва.
фудбал
Силвестре во Арсенал?

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер во последен момент се обиде да потпише со дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Микаел Силвестре кој веќе беше на пат да го официјализира трансферот во Манчестер Сити.
фудбал
Џенова најблиску до Апија

Постои голема шанса играчот од средниот ред, Стефан Апија кој неодамна беше ослободен од обврските кон неговиот клуб Фенербахче да и се приклучи на екипата на Џенова.
фудбал
Милан по нов Бразилец

Според италијанските весници, екипата на Милан би можела да испрати понуда до одбранбениот фудбалер на Флуминензе, Тијаго Силва.
фудбал
Ќерката на Анри мета за киднапери

Обезбедувањето околу имотот на Тјери Анри е на штрек откако се појавија сомнежи, но и стравови дека тригодишната ќерка на Французинот може да биде жртва на киднапери.
фудбал
Бев имбецил што се повлеков

Повратникот на клупата на репрезентацијата на Италија, Марчело Липи со голема доза на самокритичност го оценува првото повлекување од селекторската функција.
фудбал
Рони премногу "лумпуваше"

Бразилскиот напаѓач Роналдињо ја плати цената за неговото лежерно однесување надвор од фудбалските терени. Целосното посветување на приватниот живот за сметка на тренинзите го доведе Бразилецот на работ од бездната.
фудбал
Претепана поранешна sвезда на Јуве

Поранешниот играч на Јувентус, а сега тренер на Бари, Антонио Конте е последната жртва на насилство од страна на навивачи, конкретно од група на симпатизери на Лече.
фудбал
Фаулер во Блекбурн

Менаџерот на Блекбурн, Пол Инс изјави дека е блиску до постигнување договор со бившата sвезда на Ливерпул, ветеранот Роби Фаулер кој би можел да се пресели на Ивуд Парк.
фудбал
Почина претседателот на Рома

По тешко боледување неколку минути пред полноќ во една од римските болници почина 82 годишниот претседател на Рома, Франко Сенси.
фудбал
Сколари се плаши од Абрамович

Новиот менаџер на Челзи, Луиз Фелипе Сколари, изјави дека се плаши од евентуален отказ доколку уште почетокот на сезоната нема добри резултати.
фудбал
Ван Бомел се врати во репрезентацијата

Новиот селектор на репрезентацијата на Холандија, Берт ван Марвијк го врати Марк ван Бомел во холандскиот национален тим.
фудбал
Њукасл се договори со Ипсвич

Екипата на Њукасл му даде дозвола на Шола Амеоби да започне преговори со тимот од Чемпионшип дивизијата, Ипсвич.
фудбал
Идното лето Кака во Челзи?

Бразилецот Кака, европскиот и светскиот фудбалер на годината, идното лето би можел да го напушти Милан и да игра за екипата на Челзи во трансфер кој ветува рекордна сума.
фудбал
Муту ќе мора да плати 25,5 милиони долари

Светската фудбалска федерација донесе одлука според која романскиот репрезентативец, Адријан Муту на Челзи ќе мора да му плати отштета од 25,5 милиони долари.
фудбал
Креспо назад во Лацио?

Според италијанските весници, екипата на Лацио ја разгледува идејата да ја врати некогашната ѕвезда Ернан Креспо на Олимпико.
фудбал
Арсенал ја прифати понудата за Хојт

Арсенал потврди дека ја прифаќа понудата од Мидлсборо за ангажирање на поранешниот младински репрезентативец, Џастин Хојт.
фудбал
Лампард уште пет години во Челзи

Иако во еден период очајнички сакаше да си замине од Челзи, сега Френк Лампард потпиша нов петгодишен договор до клубот од Стемфорд Бриџ.
фудбал
Тијаго позајмен на Њукасл

Според медиумите во Италија, играчот на Јувентус, Тијаго Мендез е на чекор од трансфер во Њукасл, откако англискиот клуб се договорил со "Старата Дама".
фудбал
Адебајор донираше 100 000 $

Емануел Адебајор донираше храна и лекови во вредност од сто илјади долари во неговиот роден Того кој претрпе огромни штети предизвикани од поплава минатата недела.
фудбал
Баптиста и Рома не се договорија

Трансферот на Бразилецот, Жулио Баптиста во Рома најверојатно нема да се реализира бидејќи двете страни не успеаа да се договорат околу финансиските детали.
фудбал
Рајевац нов селектор на Гана

Медиумите во Гана известуваат дека српскиот стратег Милан Рајевац ќе биде следниот селектор на репрезентацијата на Гана.
фудбал
Контроверзна понуда за Рекоба

Според печатот во Уругвај, екипата на Пењарол од Монтевидео на Рекоба му понудила баснословен договор за да му се приклучи на најпопуларниот клуб во оваа држава.
фудбал
Валенсија го продава Хоакин?

Хоакин Санчез најверојатно ќе биде фудбалерот кој треба да ја спаси Валенсија од финансиската криза односно наместо Давид Силва или Давид Виља, тој ќе биде играчот што ќе си замине од Местаља.
фудбал
Компензација за повреда

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Бен Колет чија кариера беше завршена по една повреда, од својот поранешен клуб доби оштета од 4,5 милиони фунти.
фудбал
Гулит поднесе оставка

Прославениот холандски ас и тренер на Лос Анџелес Галакси се повлече од својата функција поради лични причини како и претседателот и генерален менаџер, Алекси Лалас.
фудбал
Сагата околу Кака продолжува

По неколку мирни недели без никакви вести, следува продолжението од сапуницата наречена трансфер на Кака во Челзи.
фудбал
Сампдорија го позајмува Шева?

Екипата на Сампдорија сака да го позајми Андреј Шевченко од Челзи и е подготвена да испрати понуда од три милиони евра.
фудбал
Ништо од трансферот на Бери

Надежта на Ливерпул да го ангажира Герет Бери од Астон Вила полека згаснува. Менаџерот на Црвените, Бенитез е лут на сопствениците поради неуспехот на пазарот.
фудбал
Сисе би можел да си замине

Менаџерот на Џибрил Сисе, Ранко Стојиќ открива дека неговиот клиент се уште сака нови предизвици, наспроти клубот кој тврди дека играчот останува на Велодром.
фудбал
Љунгберг интересен за Лацио

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито најави дека е заинтересиран шведскиот интернационалец, Фредерик Љунгберг кој во моментов е слободен играч.
фудбал
Леман се повлече од репрезентацијата

Ветеранот на голот на националниот тим, Јенс Леман, најави дека нема повеќе на настапува за репрезентацијата на Германија.
фудбал
Кампо потпишува за Ипсвич

Шпанскиот интернационалец, Иван Кампо се согласи на двегодишен договор со Ипсвич, кој ќе го потпише следната недела по поминувањето на лекарските прегледи.
фудбал
Цезар позајмен на Тотенхем

Англискиот премиер лигаш Тотенхем го финализираа договорот со Реал Сарагоса да го доведе искусниот голман Цезар Санчез како позајмен играч на Вајт Харт Лејн.
фудбал
Реал го "краде" Кварезма

По пропаѓањето на трансферот на Кристијано Роналдо на Сантијаго Бернабеу, Шпанците му фрлаат око на друг Португалец, Рикардо Кварезма.
фудбал
Јувентус се интересира за Ракитиќ

Торински Јувентус го обновува интересот за младиот хрватски фудбалер Иван Ракитиќ откако Мурињо изгледа дека го убедил Станковиќ да остане во Милано.
фудбал
Челзи со понуда за Робињо

Англискиот и европскиот вицешампион, Челзи е се поблиску до реализација на трансферот на бразилскиот репрезентативец, Робињо.
фудбал
Аршавин на удар

По одбивањето да настапи на натпреварот од Купот на Русија против второлигашот Сибирија наводно е во немилост на тренерот и раководството на клубот.
фудбал
Ивановиќ се сели во Италија?

Екипата на Милан најавува дека ќе се обиде да го ангажира, српскиот репрезентативец од Челзи, Бранислав Ивановиќ.
фудбал
Аквилани останува во Рома

Играчот од средниот ред на Рома, Алберто Аквилани ги одби понудите на Јувентус и Интер настојувајќи да остане во својот матичен клуб.
фудбал
Пандев верува во Лацио

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев верува во светла иднина на неговиот клуб, со кој очекува да извојува важни победи во наредните неколку години.
фудбал
Вест Хем се раздели со Љунгберг

Екипата на Вест Хем постигна согласност со Фредерик Љунгберг да му го прекине договорот кој стапува во сила, објави лондонскиот премиерлигаш.
фудбал
Саха во Сандерленд

Тренерот на Сандерленд, Рој Кин одбива да ги коментира шпекулациите кои го поврзуваат со фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Луис Саха.
фудбал
Шева ѕвезда на Челзи

И покрај тоа што во периодот откако пристигна на Стемфорд Бриџ, не покажа ниту минимум од очекуваното, Андреј Шевченко, верува дека може во иднина да се избори за место во историјата на клубот.
фудбал
Арсенал го бара Швајнштајгер

Арсенал размислува дали да испрати понуда за талентираниот германски репрезентативец Бастијан Швајнштајгер и со тоа да биде конкуренција на Јувентус во обидот кој прв ќе го ангажира.
фудбал
Јувентус го зграпчува Манингер

Торински Јувентус го реализира трансферот со aвстрискиот голман Алекс Манингер кој би требало да биде замена за првиот избор на Клаудио Раниери, Џанлуиџи Буфон.
фудбал
Робињо преговара со Челзи

Напаѓачот на мадридски Реал, Робињо призна дека и покрај продолжувањето на договорот со својот клуб имал разговори и со претставници на Челзи.
фудбал
Од селектор до пратеник

Актуелниот селектор на репрезентацијата на Литванија, Алгимантас Лубинскас, си поднесе оставка на функцијата со образложение дека сака да и се посвети на политиката.
фудбал
Дрогба ќе го пропушти почетокот на сезоната

Репрезентативецот на Брегот на Слонова Коска нема да биде во можност да закрепне до крајот на август од повредата на коленото, поради што ќе го пропушти стартот на сезоната.
фудбал
Овен најбогат фудбалер во Англија

Според листата што ја објави неделното издание на Тајмс, фудбалерот на Њукасл, Мајкл Овен е најбогатиот играч под 30 годишна возраст што настапува во Премиер лигата во Англија.
фудбал
Десетката за Меси

Според листата на пријавени фудбалери за следната сезона, аргентинскиот репрезентативец во Барселона, Лионел Меси во новиот шампионат на својот дрес ќе го носи бројот десет.
фудбал
Сагата со Роналдо го вознемирува Реал

Напаѓачот на Мадридски Реал, Руд ван Нистелрој изјави дека непрекинатите шпекулации за доаѓањето на Кристијано Роналдо на Сантијаго Бернабе има непријатен ефект врз целиот тим.
фудбал
Дрогба останува во Челзи

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска, Дидие Дрогба најави дека е подготвен да потпише нов договор со Челзи.
фудбал
Тепачки и на пријателска

Седум повредени е епилогот на пресметката меѓу навивачките групи на Пансераикос и ПАОК кои дојдоа да ги бодрат своите љубимци на пријателски натпревар што се одигра во Серез.
фудбал
Липи со поддршка за Ферги

Селекторот на репрезентацијата на Италија, Марчело Липи во интервјуто за Газета дело Спорт, му даде поддршка на Алекс Фергусон околу обидите да го блокира трансферот на Кристијано Роналдо во Реал.
фудбал
Морати верува во Мурињо

Претседателот на Интер, Масимо Морати во интервју за Скај Италија ги објаснуваше причините поради кои се решил да го ангажира Жозе Мурињо.
фудбал
Обама тренер на Вест Хем?!

Дали е можно дека Барак Обама во еден момент ќе има две работи или ако не успее да стане претседател на САД, утешна награда ќе му биде клупата на Вест Хем.
фудбал
Ниеми во пензија

Официјалната веб страница на Фулам го објави повлекувањето на голманот, Анти Ниеми, кој во последно време имаше многу проблеми со повредите.
фудбал
Реал одбил понуда за Ван Нистелрој

По продажбата на Робињо во екипата на Манчестер Сити, сега Реал открива дека новите сопственици на клубот сакале да го купат и Руд ван Нистелрој.
фудбал
Манучо може да игра за Манчестер Јунајтед

Репрезентативецот на Ангола, Манучо, конечно доби работна дозвола од властите во Англија и конечно ќе може да му се приклучи на тимот од Олд Трафорд.
фудбал
Нови откази кај Шкотите

Селекторот на Шкотска, Џорџ Барли во пресрет на квалификационите дуели за Светското првенство против репрезентациите на Македонија и Исланд нема да може да смета на тројца играчи поради повреди.
фудбал
Новите газди на Сити го сакат Роналдо

Новиот сопственик на Манчестер Сити, Сулејман Ал Фахим, најавува дека следна цел на клубот е трансфер на Кристијано Роналдо за кој е подготвен да плати 210 милиони долари.
фудбал
Навивачите на Наполи само по дома

По дивеењето на навивачите на Наполи на патувањето кон Рим, тие добија забрана да присуствуваат на натпреварите кога нивните миленици играат на гости.
фудбал
Робињо на крајот во Сити

Само неколку часа по преземањето на Манчестер Сити, новите газди на клубот успеаа да го донесат најголемото засилување, бразилскиот репрезентативец, Робињо.
фудбал
Барса остана без уште еден талент

Јувентус и официјално потврди дека потпишал четиригодишен договор со 18-годишниот фудбалер на Барселона, Фалке Силва Јаго.
фудбал
Сити со нови газди

Бизнис групацијата од Абу Даби од денеска е новиот сопственик на Манчестер Сити, кој за 360 милиони долари ги откупи акциите на Таксин Шинаватра.
фудбал
Милан без Неста во Купот на УЕФА

Италијанскиот претставник во Купот на УЕФА, Милан, на листата на фудбалери кои ќе настапат во текот на оваа сезона не го пријави повредениот одбранбен фудбалер, Алесандро Неста.
фудбал
Петиција за Касиљас

Преку десет илјади навивачи потпишаа петиција во која се бара голманот на репрезентацијата на Шпанија, Икер Касиљас да биде прогласен за најдобар фудбалер во Европа за 2008 година.
фудбал
"Чистка" во последен момент

Во последните моменти од преодниот рок Ливерпул ослободи двајца фудбалери, а последното засилување за тимот од Енфилд Роуд е Шпанецот, Алберт Риера.
фудбал
Евертон со понуда за Ларсон

Според англиските весници, екипата на Евертон му понудила 500 000 фунти на Хелсингборг за да ги обезбеди услугите на шведскиот интернационалец, Хенрик Ларсон.
фудбал
Арсенал ќе го позајми Мецелдер?

Написите на англиските весници велат дека дефанзивецот од редовите на Реал Мадрид, Кристоф Мецелдер е на пат да му биде отстапен на Арсенал.
фудбал
Англичани одете надвор

Иако летово не успеа да се пресели во Италија и да потпише договор со Интер, Френк Ламапрд на младите колеги од Англија им препорачува да се обидат да направат трансфер во некој од европските клубови.
фудбал
Болна казна за Рафиња

Според изјавата на генералниот менаџер на Шалке, Андреас Милер, клубот најавува голема казна за Бразилецот, Рафиња, кој без дозвола настапуваше на Олимписките игри во Пекинг.
фудбал
Забалета ново име во Сити

Аргентинскиот интернационалец, Пабло Забалета во следната сезона ќе го носи дресот на Манчестер Сити. До овој момент не се познати условите под кои Забалета си замина од Еспањол.
фудбал
Кварезма набргу во Интер

Португалскиот интернационалец, Рикардо Кварезма наскоро треба да потпише со Интер, за сума од 14,5 милиони фунти.
фудбал
Рекоба во Блекбурн?

Тимот на Блекбурн се надева дека ќе ја искористи можноста да потпише договор со уругвајскиот интернационалец, Алваро Рекоба.
фудбал
Роналдо се сели во Англија?

Се шпекулира дека поранешниот најдобар фудбалер на планетава, Роналдо е во преговори со екипата на Манчестер Сити, па можеби на повидок е изненадувачки трансфер во Англија.
фудбал
Платини глумец

Претседателот на УЕФА, Мишел Платни призна дека за време на својата играчка кариера неколкупати на натпреварите одглумил прекршок, но дека тоа воопшто не му била редовна пракса на терените.
фудбал
Џерард на операција

Капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард веќе подолго време има проблеми со повредата на препоните и според најавите од клубот тој деновиве треба да замине на операција.
фудбал
Кристијано Роналдо најдобар во Европа

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, е прогласен за најдобар фудбалер во клупските натпреварувања во организација на УЕФА.
фудбал
Филипс се врати во Сити

Англискиот репрезентативец, Шон Рајт Филипс по тригодишна пауза повторно се врати во Манчестер Сити. Филипс со својот поранешен клуб потпиша четиригодишен договор, а сумата за која си замина од Челзи воопшто и не се споменува.
фудбал
Референдум за трансфер

Аматерскиот клуб од источен Лондон, Ебсфлит Јунајтед, побара од своите навивачи преку интернет да гласаат дали да се реализира трансферот на 19-годишниот фудбалер, Џон Акинде.
фудбал
Критики за Калдерон

По последните два неуспешни обиди да се ангажираат шпанските репрезентативци Давид Виља и Санти Казорла, претседателот на Реал Мадрид, Рамон Калдерон претрпе серија критики.
фудбал
Продолжен преодниот рок во Шпанија

Шпанската фудбалска федерација донесе одлука според која летниот преоден рок ќе се продолжи за дополнителни 24 часа и ќе трае до први септември.
фудбал
Виља го продолжи договорот со Валенсија

Очигледно дека од трансферот на Давид Виља во Реал Мадрид или некој друг клуб нема да има ништо откако напаѓачот го продолжи договорот со тимот од Местаља.
фудбал
Тијаго го одби Порто

Според некои медиуми во Италија, португалскиот репрезентативец Тијаго ја одбил понудата на Порто со намера следнава сезона да се ибори за првотимски статус во Јувентус.
фудбал
Хамбургер го бара Крањчар

Раководството на Хамбургер, најави дека е подготвено да започне преговори со Портсмут за трансфер на хрватскиот репрезентативец Нико Крањчар.
фудбал
Сендерос за титула

По ангажирањето на репрезентативецот на Швајцарија, Филип Сендерос, потпретседателот на Милан, Адријано Галијани, очекува неговата екипа да триумфира во Серија А.
фудбал
Тоти нема да шутира пенали

По последното промашување на ударот од 11 метри, капитенот на Рома, Франческо Тоти, најверојатно нема повеќе да ги изведува ударите од белата точка.
фудбал
Кварезма во Интер за 48 часа

Трансфер сагата со португалскиот интернационалец, Рикардо Кварезма е на пат да биде завршена во наредниве 48 часа кога фудбалерот на Порто ќе стане нов член на екипата на Интер.
фудбал
Земан сепак останува

Спортскиот директор на Црвена Звезда, Горан Буњевчевиќ, изјави дека чешкиот стручњак Здењек Земан сепак останува во клубот.
фудбал
Ривалдо во Узбекистан

Бразилскиот интернационалец, Ривалдо, во интервју за една атинска радио станица изјави дека кариерата ќе ја продолжи во Узбекистан.
фудбал
Јувентус со последен обид за Аквилани

Екипата на Јувентус се уште не губи надеж дека ќе успее да го ангажира на играчот од средниот ред на Рома, Алберто Аквилани, планирајќи уште една последна понуда за играчот.
фудбал
Милан го позајми Сендерос

Екипата на Милан се договори со швајцарскиот дефанзивец од Арсенал, Филип Сендерос, да го позајми за следната сезона со опција да го откупи договорот од лондонскиот тим.
фудбал
Алмунија сака да брани за Англија

Голманот на Арсенал, Мануел Алмунија изјави дека не ја исклучува можноста да заигра за Англија, што би можело да се оствари во следните 12 месеци кога може да аплицира за случајов бидејќи досега нема настапувано за Шпанија.
фудбал
Прв трофеј за Мурињо

Новиот тренер на Интер, Жозе Мурињо, на почетокот од сезоната го освои и првиот пехар. Во Супер купот на Италија, совладана е Рома по подобро изведување на пенали.
фудбал
Оставка на Земан?

Катастрофалниот старт на Црвена Звезда во првенството на Србија е причина според која тренерот, Здењек Земан, најверојатно ќе мора да си замине од Белград.
фудбал
Интер го трампа Адријано за Дрогба?

Интер е на чекор од сензационална размена според која Адријано би преминал во Челзи, а Дидие Дрогба повторно би соработувал со неговиот бивш тренер, Жозе Мурињо.
фудбал
Челзи го нуди Шева на Рома

Кориере дело Спорт тврди дека по пропаѓањето на трансферот на Андреј Шевченко од Челзи во Милан, сега лондонскиот тим напаѓачот го нуди на Рома.
фудбал
Милан го позајмува Сендерос

Написите на Кориере дело Спорт велат дека екипата на Милан испратила понуда за ангажман на централниот дефанзивец на Арсенал, Филип Сендерос и се очекува трансферот да мине во најдобар ред.
фудбал
Евертон тргнува по Жигиќ

Последните вести од Англија говорат дека Евертон е подготвен да им биде конкуренција на екипите на Блекбурн и Астон Вила за правото да потпише со напаѓачот на Валенсија, Никола Жигиќ.
фудбал
Бенхакер суспендира фудбалери

Селекторот на Полска, Лео Бенхакер го суспендираше репрезентативниот голман Артур Боруц и играчите од средниот ред, Дариуш Дудка и Радослав Мајевски.
фудбал
Комесар "местач"?

Претседателот на судиската комисијата при Бугарската фудбалска федерација, Борислав Александров е привремено суспендиран поради сомневање дека учествувал во лажирање на натпревари.
фудбал
Пропаднаа преговорите за Шевченко

Иако беше најавувана брза реализација на трансферот на Андреј Шевченко, сепак преговорите меѓу Челзи и Милан пропаднаа.
фудбал
Ливерпул во трка за Кварезма

Најголемата sвезда на Порто, Рикардо Кварезма според најновите шпекулации е на мета на екипата на Ливерпул, која очигледно се вмешува во борбата со Интер за ангажирање на Португалецот.
фудбал
Арсенал покажува интерес за М'биа

Играчот од средниот ред на Рен, Стефан М'биа откри дека Арсенал се приклучил во борбата за неговиот потпис, но сепак вели дека Евертон останува во пол позиција да го доведе на Гудисон Парк.
фудбал
Сена во Фенербахче?

Репрезентативецот на Шпанија и фудбалер на Виљареал, Сена не ја отфрла целосно идејата да замине од Ел Мадригал откако е поврзуван со трансфер во Фенербахче вреден дваесет милиони евра.
фудбал
Дрогба паузира до октомври?

Селекторот на Брегот на Слоновата коска, Вахид Халилхоџиќ изјави дека Дидие Дрогба поради повредата на коленото нема да може да настапува во следниве два месеци.
фудбал
Челзи го доведува Паим

Менаџерот на Челзи, Луис Фелипе Сколари се договори со екипата на Спортинг од Лисабон на една сезона да го позајми дваесет годишниот Фабио Паим.
фудбал
Суазо сака во Бенфика

Репрезентативецот на Хондурас и напаѓач на Интер, Давид Суазо призна дека има желба да настапува за португалскиот гигант Бенфика.
фудбал
Галијани нападнат на погребот на Сенси

Претседателот на Милан, Адријано Галијани беше нападнат од страна на разгневените навивачи на Рома и тоа за време на погребот на починатиот претседател на Рома, Франко Сенси.
фудбал
Њукасл тргнува по Савиола

Англискиот Премиер лигаш, Њукасл Јунајтед е во потрага по уште еден квалитетен напаѓач се шпекулира дека постои можност тој да испрати понуда за Хавиер Савиола.
фудбал
Челзи го позајмува Рајт Филипс

Менаџерот на Портсмут, Хари Реднап веќе подолго време е заинтересиран за фудбалерот на Челзи, Шон Рајт Филипс.
фудбал
Милан го продава Кака?

Според пишувањето на Дејли Стар, Милан наводно ја прифатил понудата од Челзи за трансфер на Кака, која според анонимни извори изнесува 102 милиони евра.
фудбал
Роки со фрактура на ногата

Напаѓачот на Лацио, Томасо Роки поради фрактура на ногата ќе мора да паузира најмалку 40 дена. Тој повредата ја заработи за време на настапот на Олимписките игри во Пекинг.
фудбал
Буларуз и Енгелар повредени

Калид Буларуз и Орландо Енгелар поради повреди нема да бидат дел од холандскиот национален тим за пријателскиот натпревар против Русија.
фудбал
Арена нов тренер на Галакси

Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на САД, Брус Арена е именуван за нов тренер и генерален менаџер на ЛА Галакси.
фудбал
Адебајор потпишува нов договор

Интернационалецот на Того, Емануел Адебајор рано летово беше сериозно поврзуван со трансфери во најмоќните европски клубови, но се согласи да ја продолжи верноста кон Арсенал потпишувајќи долгогодишен договор.
фудбал
Хазелбанк можеби во Норич?

Според најавите на медиумите во Англија, поранешниот холандски интернационалец, Џими Флојд Хазелбанк присуствувал на мечот меѓу Норич и Блекпул што веднаш иницираше шпекулации дека фудбалерот ќе му се приклучи на домашниот тим.
фудбал
Неизвесен трансферот на Аршавин

Иако пред неколку дена се најавуваше дека е прашање на часови кога Андреј Аршавин ќе потпише за Тотенхем, очигледно дека од трансферот нема да има ништо.
фудбал
Аршавин блиску до Тотенхем

Напаѓачот на Зенит од Санкт Петербург, Андреј Аршавин до крајот на неделава најверојатно ќе се пресели во Англија и ќе потпише договор со Тотенхем.
фудбал
Пизаро се врати во Германија

Перуанскиот репрезентативец, Клаудио Пизаро по само една година мината во Англија се врати во Германија, но сега ќе настапува за Вердер.
фудбал
Атлетико тргна по Диего

Организаторот на играта на Вердер од Бремен би можел да ги засили редовите на мадридски Атлетико. Иако никој во Германија не верува во негово заминување, Шпанците сериозно се обидуваат да го доведат на Висенте Калдерон.
фудбал
Тоти се врати на теренот

Капитенот на Рома, Франческо Тоти, кој во април изврши операција на коленото, го одигра второто полувреме од пријателскиот натпревар против Фросиноне.
фудбал
Цвитаниќ наскоро ќе игра за Хрватска

Новото големо засилување за Ајакс, Дарио Цвитаниќ неодамна доби хрватски пасош, но за првиот настап во дресот на коцкестите ќе почека уште малку.
фудбал
Сити го мерка Санта Круз

Понудата на Манчестер Сити од 12 милиони фунти за парагвајскиот репрезентативец е сериозно разгледувана од претседателот на Сити, Џон Вилијамс и покрај зборовите на тренерот Пол Инс дека играчот не е за продажба.
фудбал
Баптиста официјално во Рома

Италијанскиот прволигаш, Рома, официјално потврди дека потпиша договор со бразилскиот репрезентативец од Реал Мадрид, Жулио Баптиста.
фудбал
Левски без тренер

По поразот на домашен терен од првакот на Белорусија, БАТЕ Борисов, тренерот на Левски, Велислав Вуцов си поднесе оставка.
фудбал
Анан би сакал во Манчестер

Младиот фудбалер од Гана, Ентони Анан потврди дека екипите на Арсенал и Сантандер му се приклучиле на Блекбурн во трката за негов потпис, но неговиот сон е да игра за Манчестер Јунајтед.
фудбал
Бербатов конечно во Манчестер?

Долго очекуваниот трансфер на Димитар Бербатов од Тотенхем во Манчестер Јунајтед може да биде реализиран токму на време и Бугаринот да дебитира на мечот во сабота.
фудбал
Анри останува во Барселона

Тренерот на Барселона, Жозеп Гвардиола на сите заинтересирани клубови за францускиот напаѓач, Тјери Анри им порача дека тој и натаму останува на Ноу Камп.
фудбал
Ферги омекнува

Како што се приближува крајот менаџерската кариера во Манчестер Јунајтед, тој сака неговите ривали да поверуваат дека станал помек во реакциите.
фудбал
Јувентус загриза по "новиот Адебајор"

Според некои италијански весници, екипата на Јувентус сака да го ангажира напаѓачот на Монако, Фредерик Нимани кого во Франција го нарекуваат "новиот Адебајор".
фудбал
Баџо му се враќа на фудбалот

Легендата на италијанскиот фудбал, Роберто Баџо повторно му се враќа на фудбалот, но овој пат во поинаква улога. Претседателот на Бреша, Луиџи Корони објави дека Баџо е новиот тренер на клубот.
фудбал
Ериксон дебитира против Чиле

Селектор на репрезентацијата на Мексико, Свен Јеран Ериксон на новата функција ќе дебитира на средбата против Чиле.
фудбал
Овермарс се враќа

Поранешниот холандски репрезентативец, Марк Овермарс, по пауза од четири години реши повторно да се врати на фудбалскиот терен и да игра во второлигашки клуб.
фудбал
Ето сепак останува

Според пишувањето на шпанските медиуми, тренерот на Барселона, Жозеп Гвардиола му побарал од раководството на клубот, Семјуел Ето и следната сезона да остане во клубот.
фудбал
Високи цели на Пандев со Лацио

Македонскиот интернационалец, Горан Пандев верува дека клубот може да се вмеша во меѓу првите четири тим оваа сезона, а пaтем ги објаснува причините за неговото останување во Рим.
фудбал
Арсенал со понуда до Џовинко

Лондонски Арсенал подготвува понуда од 7,5 милиони евра до Јувентус за чудото Торино, Себастијан Џовинко кој моментално е голема ѕвезда на Олимпијадата.
фудбал
Астон Вила го бараСанта Круз

Во следниве неколку дена се очекува екипата на Астон Вила да испрати официјална понуда до Блекбурн за нивниот напаѓач, Роке Санта Круз.

фудбал
Триумфот во Лигата донесе само проблеми

Менаџерот на Ливерпул, Рафаел Бенитез, во интервју за весникот Тајмс изјави дека победата во Лигата на шампионите во 2005 година само му го отежнала животот.
фудбал
Ван Бомел капитен на Баерн

Холандскиот интернационалец Марк ван Бомел според одлуката на тренерот Јирген Клинсман, е именувам за нов капитен на минхенски Баерн.
фудбал
Рејес се пресели во Бенфика

Дваесет и четири годишниот Хозе Антонио Рејес во следната сезона ќе настапува за Бенфика откако Атлетико Мадрид го позајми на една година.
фудбал
Силва во Барселона?

Преговорите меѓу Валенсија и Барселона во врска со трансферот на Давид Силва на Ноу Камп се во завршна фаза.
фудбал
Рома се врти кон Суазо

Екипата на Рома наместо Жулио Баптиста би можела се сврти кон напаѓачот на Интер, Давид Суазо кој кај новиот тренер Мурињо не е во прв план.
фудбал
Суспензија за Клатенбург

Англиската фудбалска асоцијација поради реши да му изрече суспензија на еден од најдобрите судии во Премиер лигата, Марк Клатенбург.
фудбал
Афелај чини 15 милиони евра

Холандскиот шампион, ПСВ Ајндховен ја определи сумата која заинтересираните клубови би требале да ја платат за еден од најталентираните фудбалери во тимот, Ибрахим Афелај.
фудбал
Кежман позајмен на ПСЖ

Напаѓачот на Фенербахче, Матеја Кежман е на чекор до комплетирање на трансфер во францускиот Париз Сен Жермен.
фудбал
Колочини се сели во Њукасл

Депортиво Ла Коруња се согласи да продаде еден од своите најдобри играчи, централниот дефанзивец Фабрицио Колочини, на тимот од Сент Џејмс Парк.
фудбал
Мурињо го сака Кварезма

Менаџерот на Интер, Жозе Мурињо најде начин како да го реализира долго очекуваниот трансфер на Рикардо Кварезма, sвездата на Порто.
фудбал
Рибери најдобар во Германија

Францускиот репрезентативец Франк Рибери е прогласен за фудбалер на годината според гласањето во Кикер.
фудбал
Бојкотот на Босанците завршува

Иако репрезентативците на Босна ја бојкотираа фудбалската асоцијација и националниот тим, сепак се согласија да играат на пријателскиот меч со Бугарија.
фудбал
Астон Вила гo сака Фереира

Екипата од Бирмингем пројави интерес за обезбедување на услугите на репрезентативецот на Португалија, Пауло Фереира од Челзи, но овој трансфер е тешко остварлив.
фудбал
Вирус го легна Руни

Поради проблем со вирус, кој Вејн Руни го "закачи" за време на гостувањето во Нигерија, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон нема да може да смета на напаѓачот на отворањето од сезоната во Англија.
фудбал
Сагата со Роналдо е завршена

Според зборовите на менаџерот Сер Алекс Фергусон, долготрајната и очајничка сага со трансферот на Кристијано Роналдо во редовите на Реал Мадрид е затворена.
фудбал
Фергусон воодушевен од Бразилците

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон им предвидува блескава иднина на браќата Бразилци во тимот, по забележителната игра на теренот.
фудбал
Милан го затвори пазарот

Потпретседателот и тренерот на Милан, Адријано Галијани односно Карло Анчелоти потврдија дека клубот летово нема намера повеќе да ангажира нови фудбалери.
фудбал
Ван Нистелрој се повлекува од репрезентацијата

Напаѓачот на Реал Мадрид, Руд ван Нистелрој објави дека нема повеќе да настапува за репрезентацијата на Холандија.
фудбал
Ван дер Варт преминува во Реал

Холандскиот интернационалец Рафаел ван дер Варт се согласи да премине од германскиот бундес лигаш Хамбург во редовите на клубот од неговите мечти, Реал Мадрид.
фудбал
Сендерос не оди во Њукасл

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, ги демантира шпекулациите во англиските весници за евентуален трансфер на Филип Сендерос во Њукасл.
фудбал
Тешка повреда на Снајдер

За време на финалниот натпревар од Емирати Купот, фудбалерот на Реал Мадрид, Весли Снајдер заработи потешка повреда на лигаментите на коленото.
фудбал
Фердинанд очекува блесок на Руни

Рио Фердинанд верува дека неговиот соиграч и колега од репрезентацијата, Вејн Руни, ќе излезе од сенката на Кристијано Роналдо и ќе биде новата sвезда на Олд Трафорд оваа сезона.
фудбал
Мојес останува во Евертон

Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојес им порача на навивачите да не се грижат околу неговиот иден ангажман бидејќи плановите му се поврзани за сегашниот клуб.
фудбал
Без Тони на стартот?

Според изјавата на менаџерот Ули Хенес, актуелниот шампион на Германија, тренерот на Баерн на стартот од сезоната нема да може да смета на напаѓачот Лука Тони.
фудбал
Штутгарт го одбил Баерн

Раководството на Штутгарт потврди дека пред почетокот на новата сезона ја одбило рекордната понуда од Баерн за трансфер на напаѓачот, Марио Гомез.
фудбал
Купер во Грузија

Аргентинскиот тренер, Ектор Купер во следниве две години ќе работи како селектор на репрезентацијата на Грузија. По само два месеци без работа, Купер сепак успеа да најде ангажман и за прв пат ќе работи како селектор на една репрезентација.
Крстозбор | www.on.net.mk
EUR 1
USD 1
GBP 1
www.on.net.mk
Груевски: Амбасадорот Треневски употребил несоодветен вокабулар
Кирилица - пред 5 ч.
Несоодветниот вокабулар на амбасадорот Мартин Треневски е причината поради која тој е погрешно разбран во јавноста, смета премиерот Никола Груевски. Според него земјава стратешка цел и е да стане што... сите 23 вести
Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
А1 - пред 12 ч.
Со 14 гласа „за“ и 69 „против“ Собранието во петокот околу полноќ по жестоката расправа ја отфрли интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска поднесена од СДСМ и... сите 38 вести
Клинички центар повторно се обединува?
Алфа ТВ - пред 9 ч.
Владата полека се предомислува во однос на поделбата на поранешниот клинички центар – денеска донесе одлука за спојување на 4 клиники во една. Клиниките за трауматологија, за ортопедија, КАРИЛ и... сите 9 вести
Четворица повредени во судир на воз и работна машина на МЖ
Нова Македонија - пред 16 ч.
Четворица вработени во „Македонски железници“ завчеравечер биле повреди во несреќен случај кога работната машина, со која вршеле рутинска интервенција на пругата во близина на неготинското село... сите 12 вести
Запленето нелегално оружје, четворица приведени
Нова Македонија - пред 16 ч.
Оперативци на скопската полиција деновиве привеле четворица жители на градот, во чии домови и возила биле најдени пиштоли кои осомничените ги поседувале на црно
Во обемната акција на која и... сите 4 вести
Двајца гостиварци силувале девојка
Нова Македонија - пред 16 ч.
Гостиварската полиција сé уште трага по жител на селото Градец, осомничен дека деновиве заедно со негов пријател силувале девојка, вработена во кафеана во селото
Според полициските информации,... сите 4 вести
  © Copyright On.net 2000 - 2009