on-line речник
Мини плеер
Он.нет
Изгубени во поштата
Неодговорноста на еден службеник од британската даночна управа, изложи 25 милиони Британци на ризик, го натера шефот да си даде оставка и ја покрена најголемата полициска истрага во земјата.
 

Директорот на управата, Пол Греј даде оставка од својата позиција, откако исчезнаа два диска со доверливи податоци за 7,2 милиони семејства. Главен виновник за тоа е IT службеникот, кој добил налог да ги испрати сите документи до Државната канцеларија за ревизија.

Службеникот, не размислувајќи за сериозноста на обврската, ги префрлил податоците на два диска, ги ставил во обичен плик и ги испратил по пошта. Од тогаш, им се губи трагата на документите.

Доказ за сериозноста на инцидентот е фактот што дисковите содржат имиња, адреси и детали за банковни сметки и осигурување на сите британски семејства кои бараат исплаќање на детски додаток. Владата стравува од можноста документите да бидат употребени за измама.    

”Овој инцидент го сметам за екстремно сериозен неуспех. Длабоко жалам и се извинувам за непријатностите, кои без сомнение ќе ги предизвика настанот”, изјавил министерот за финансии, Алистер Дарлинг.

Веднаш по пријавувањето на случајот, биле превземени серија строги безбедносни процедури, иако од полицијата тврдат дека не постои доказ дека документите дошле до рацете на криминалци.

Оставката на 59-годишниот Греј, го зголеми притисокот врз Дарлинг, кој во последно време се соочува со жестоки критики за начинот на кој ги извршува своите должности.
Последна промена: 22.11.2007
 #

Крстозбор | www.on.net.mk
EUR 1
USD 1
GBP 1
www.on.net.mk
Груевски: Амбасадорот Треневски употребил несоодветен вокабулар
Кирилица - пред 5 ч.
Несоодветниот вокабулар на амбасадорот Мартин Треневски е причината поради која тој е погрешно разбран во јавноста, смета премиерот Никола Груевски. Според него земјава стратешка цел и е да стане што... сите 23 вести
Отфрлена интерпелацијата за министерката Јанкуловска
А1 - пред 11 ч.
Со 14 гласа „за“ и 69 „против“ Собранието во петокот околу полноќ по жестоката расправа ја отфрли интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Гордана Јанкуловска поднесена од СДСМ и... сите 38 вести
Клинички центар повторно се обединува?
Алфа ТВ - пред 9 ч.
Владата полека се предомислува во однос на поделбата на поранешниот клинички центар – денеска донесе одлука за спојување на 4 клиники во една. Клиниките за трауматологија, за ортопедија, КАРИЛ и... сите 9 вести
Нема оставка
Нова Македонија - пред 16 ч.
Четворица повредени во судир на воз и работна машина на МЖ
Нова Македонија - пред 16 ч.
Четворица вработени во „Македонски железници“ завчеравечер биле повреди во несреќен случај кога работната машина, со која вршеле рутинска интервенција на пругата во близина на неготинското село... сите 12 вести
Запленето нелегално оружје, четворица приведени
Нова Македонија - пред 16 ч.
Оперативци на скопската полиција деновиве привеле четворица жители на градот, во чии домови и возила биле најдени пиштоли кои осомничените ги поседувале на црно
Во обемната акција на која и... сите 4 вести
Двајца гостиварци силувале девојка
Нова Македонија - пред 16 ч.
Гостиварската полиција сé уште трага по жител на селото Градец, осомничен дека деновиве заедно со негов пријател силувале девојка, вработена во кафеана во селото
Според полициските информации,... сите 4 вести
  © Copyright On.net 2000 - 2009